режија: Горан Тренчовски улоги: ПЕТАР АРСОВСКИ, ИГОР АНГЕЛОВ, ЉУПКА ЏУНДЕВА, ЈАНА СТОЈАНОВСКА, НЕНАД МИЛОСАВЉЕВИЌ, СЛАВКО ШТИМАЦ премиера: 6.10.2016 времетраење: 83′ земја: Р. Македонија жанр: Драма, историски, романса Маки, Ката и Џиџи се верни другари кои веруваат во своите младешки идеали. Но кога Маки и Ката ја објавуваат својата свршувачка, кај Џиџи се појавува љубомора. Во тој период на комунистички ликвидации, во 1951, се случува неразјаснето убиство на петмина студенти, меѓу кои е и Маки. Половина век подоцна, Алавантие, како сведок и истражувач, се враќа во родната Струмица со досието „Златна петорка“. Неговите тајни и сознанија внесуваат дополнителен немир во брачниот живот на Ката и Џиџи. Во филмот провејува мотивот инспириран од вистинитиот настан за петтемина струмички студенти за кои УДБА водела специјално досие под кодни имиња, тема која долги години беше табу-тема кај нас, за конечно преку оваа возбудлива филмска сторија, да добиеме филмска екранизација која е исто толку филм за минатото, колку што е филм и за сегашноста.